Почетна / Серии / Телма укинува премиерна серија и репризира серија од Сител

Телма укинува премиерна серија и репризира серија од Сител

 

Од понеделник Телма ќе ја репризира “Премиерка”, емитувана на Сител

 

Веќе неколку дена на програмата на Телма не се емитува романската теленовела “Аниела”. Без никакво известување до гледачите, серијата е тргната од програмата, исто како што беше прекината и “Измамничка” пред неколку недели.

 

 

Па ако стана практика за Телма да укинува премиерни теленовели, стана практика и да репризира други серии и тоа по неколку пати. “Росела”, “Евита”, “Судијката од Седар Ков”, “Џо”, “Без граници” и други досега беа емитувани и по два три пати. Истото се случува и со “Пријатели”, досега емитувани на А1 и А2, а пак од понеделник во 21:15 часот започнуваат со прикажување на серијата “Влада”.

Всушност се работи за данската серија “Borgen”, емитувана на Сител минатата година под насловот “Премиерка”. “Borgen” e високо наградувана драмска серија која зборува за борбата околу политичката моќ и последиците кои ги трпат оние кои се вклучени во таа борба.

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм серии | Термини на емитување и броеви на епизоди