Почетна / Забава / Талија доби своја ѕвезда на Патеката на славните

Талија доби своја ѕвезда на Патеката на славните

 

Кралицата на латино поп музиката, Талија, доби своја ѕвезда на патеката на славните во Холивуд.

 

 

Холивудската Комора задолжена за ѕвездите на шеталиштето на Лос Анџелес со гордост објавува дека артистката Талија ќе добие своја ѕвезда на славната патека. Ѕвездата што веќе се монтира официјално ќе биде претставена на 5. декември во 11:30 часот.

 

 

– „Талија важи за кралица на латино поп музиката. Таа е пејачка и актерка, текстописец, а исто така е позната и како радио и телевизиски лик.“, рече Ана Мартинез, продуцент на Walk of Fаме церемониите. „Жената е незапирлива, затоа сме горди што можеме да и посакаме добредојде во нашата Walk of Fame фамилија.“, додаде таа.  

 

 

Ѕвездата на Талија е додадена во категоријата „Phonograph record“ и веќе ја поставуваат на Холивуд Булеварот 6262 веднаш пред Западниот Холивуд Хотел, односно неколку чекори од Vine Street. Церемонијата за поставувањето на ѕвездата на Талија ќе биде пренесувана во живо ексклузивно на интернет страницата www.walkoffame.com.

 

 

 

Динамичната пејачка, актерка и позната бизнис-жена, Талја Соди, подобро позната за своите верни фанови само како Талија, е интернационална суперѕвезда. Нејзината кариера е активна речиси три децении која што започна кога таа имаше само 9 години во родното Мексико Сити.

 

 

Таа има продадено повеќе од 40 милиони албуми ширум светот, а 28 од нејзините синглови се најдоа на Топ 10 листата од кои 15 го зазедоа местото број 1. Талија беше прогласена за една од 25-те најубави луѓе на планетата во категоријата „Powerful Latinas“ од магазинот People en Espanol. Има освоено небројно многу награди, а во Македонија стана позната преку улогата во серијата „Росалинда“.

 

 

Талија е особено активна на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Твитер, па така секој среќен момент од својот живот го споделува со илјадниците фанови ширум светот. Фотографијата во прилог е неправена денеска од поставувањето на ѕвездата, а Талија во чест на нејзината мајка ја додаде и старата фотографија, бидејќи овој успех и го посветува на неа.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт со дела од Арво Перт во изведба на „Профундис“

Ансамблот и хор „Профундис“ под диригентство на Ѓурѓица Дашиќ вечер во Филхармонија ќе одржи концерт …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!