Почетна / Живот / Стоматолозите дискутираа на тема орална хигиена

Стоматолозите дискутираа на тема орална хигиена

 

Повеќе од 200 врвни стоматолози дискутираа на теми за орална хигиена и новитети во стоматологијата на дентал митингот кој се одржа по повод Светскиот ден на оралното здравје во организација на Македонското стоматолошко друштво. Со симпозиумот се одбележа десетгодишнината од постоењето на друштвото, а се одржа под слоганот „Да се радуваме на здравата насмевка”.

 

 

„Покрај примарната улога за едукација и грижа за денталните навики на населението, ваквите симпозиуми се од особено значење за стоматолозите, за нивното професионално развивање, посебно заради размена на знаења и новитети во стоматологијата кои претставуваат светски трендови и кои мораме да ги следиме за што поефективна здравствена услуга за граѓаните“, изјави Соња Еленчевска – Апостолска, претседателка на Македонско стоматолошко друштво.

На дводневниот симпозиум беа изнесени експозеа кои што опфаќаа третмански и естетски методологии во стоматолошката пракса, нови достигнувања во ласерската примена и имплатантскиот пристап. Стоматолозите се единствени со својата експертиза да ја дијагностицираат и анализираат широката патологија кај своите пациенти и да ги воочат ризик факторите во прв ред. Кај многу општи болести од кои некои се смртоносни, првите симптоми се јавуваат во оралната празнина.

„Според епидемиолошките показатели во Македонија кариесот, но и другите орални болести се уште се размерно чести во споредба со останатите западно европски земји. Затоа задача на стоматолошко друштво е да се грижи за граѓаните со цел да создадат навика за орална хигиена“, додаде Еленчевска – Апостолска.

 

 

Потребата за одбележување на 20ти март како Светскиот ден на оралното здравје е поставен од Светска дентална федерација која е основана 1900 година во Париз. Оралните заболувања и разни хронични болести, како карцином, дијабетес, кардиоваскуларни и респираторни заболувања, делат заеднички ризик фактори во кои спаѓаат пушењето, алкохолизмот, неправилната исхрана, прекумерното консумирање на шеќер, за кои треба да внимаваат граѓаните.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт под свеќи за прв пат во Македонска Филхармонија

Виртуозот на виолина Марио Хосен и „Профундис“ ја носат „Candlelight“ магијата во Македонија! Илјадници свеќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!