Почетна / Телевизија / VIP Survivor / Станија на Костарика била полна со вошки!

Станија на Костарика била полна со вошки!

 

Популарната старлета Станија од шоуто “Survivor” во текот на престојот на Kостарика била полна со вошки. Еве што изјавува близок извор на продукцијата:

“Сите девојки ја врзуваа косата за време на престојот на островот Костарика, единствено Станија својата ја носеше пуштена, иако од продукцијата ја предупредија дека на тој начин полесно ќе добие вошки. Не ги послуша. А тогаш еден ден почна неконтролирано да ја чеша главата. До крајот на снимањето на шоуто не доби прашок за да ги уништи, па тоа го стори дури кога се врати дома. Тогаш својата црна природна коса за првпат ја офарба во светлосмеѓа”, заклучува изворот.

Од друга страна, Станија демантираше дека на Костарика добила вошки, велејќи дека тоа биле бубачки кои гризале.

“Точно е дека ме нападнаа бубачки што гризаат, но тоа не се вошки. Многу чеша кога ќе те гризнат и едвај ги отстранив кога се вратив во цивилизација”, изјави популарната старлета.

Не по врат, по шија, што би рекле старитe.

 

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Никола Шоќ на детска возраст

Деновиве низ балканските интертнет портали можеше да се види една интересна фотографија од приватниот албум …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!