Почетна / Телевизија / Сител телевизија подготвува нов квиз

Сител телевизија подготвува нов квиз

 

„БЕЗ ПОЕНИ“
нов проект на Сител телевизија

 

Телевизија Сител ви нуди ново возбудување со еден од најгледаните квизови во светот. Светскиот хит „Pointless“ во продукција на ТВ Сител. Вистинско освежување и изненадување. Можност да се освои награда на еден поинаков начин. Понудениот одговор на поставеното прашање треба да е точен, но со најмала веројатност дека некој се сетил на одговорот од претходно изведената анкета на 100 испитаници.

 

 

На пример, прашањето „Кажете име на една река во Македонија“, веќе го поставивме на 100 анкетирани испитаника. Реката „Вардар“ ја одговориле преку 90 испитаника, но на реката „Лакавица“ не се сетил никој. Токму тој одговор, на кој никој не се сетил, a сте се сетиле ВИЕ, може да ве доведе до победа и вредна награда.

Правилата се едноставни. Во секоја емисија учествуваат четири пара натпреварувачи во четири рунди, со елиминација на парот кој освоил најмногу поени во секоја рунда. Значи, секогаш победува парот натпреварувачи кој ќе освои најмалку поени.

Нула поени… е тоа е посебна приказна.

 

 

Нула поени во последната игра (одговор на кој ниту еден од 100 испитаника не се сетил) за победничкиот пар натпреварувачи обезбедува џекпот добивка. Доколку не се освои џекпотот, тој се придодава на џекпотот од следната емисија.

Доколку сакате да учествувате во квизот „Без поени“, симнете го  ТУКА  образецот за пријавување, пополнете го заедно со Вашиот партнер и испратете го пополнетиот Образец на електронската адреса bezpoeni@sitel.com.mk , а Сител наскоро ќе Ве повика на аудиција.

Деталите за правилата на игра,  аудицијата, снимањето на квизот, начинот на исплатата на добивките како и општите услови за одвивање на квизот, наскоро ќе можете можете да ги погледнете на sitel.com.mk.

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …

error: Содржината е заштитена!