Почетна / Телевизија / Сител телевизија евакуирана поради дојава за бомба

Сител телевизија евакуирана поради дојава за бомба

 

Вечерва во 22:10 часот анонимно лице се јавило во Сител телевизија и во полицијата со предупредување за подметната бомба која, наводно, требало да експлодира за 7 минути, јавува весникот Нова Македонија.

 

Полицијата ја потврди информацијата. Анонимниот јавувач кажал дека во скопската национална телевизија е поставена бомба и оти тајмерот на истата брзо ќе заврши со одбројувањето. Поради оваа причина со брза интервенција на полицијата вработените се евакуирани. Во овие моменти екипите од антитероризам вршат претрес низ просториите на телевизијата и засега нема информација дека бомбата е пронајдена, пишува Нова Македонија. Дојава за бомба во текот на денешниот ден имаше и на аеродромите во Скопје и Охрид.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Ружица Фотиновска како презентер на дневните вести на ТВ 24

Новинарката Ружица Фотиновска веќе одреден период ја гледаме на екранот на ТВ 24 и како …