Почетна / Серии / “Сирени” – нова детска серија на Сител телевизија

“Сирени” – нова детска серија на Сител телевизија

Австралисхиот хит за трите сирени дојде и во Македонија

 

Од понеделникот на Сител телевизија започна со емитување уште една детска серија. “Сирени” е уште една австралиска серија која ја замени “Академија за танц” која на Сител беше прикажана во две сезони, иако серијата има вкупно три. “Сирени” се емитува секое утро во 09:50 часот, со реприза по полноќ, а има вкупно 78 епизоди.

Серијата започна со емитување во Австралија во 2007 година на каналот Network Ten, a прославила многу млади глумци меѓу кои и главните три Клер Холн, Карибу Хајн и Фиби Тонкин.

 

 

Содржина:

Ема, Клио и Рики се шеснаесетгодишни девојки кои израснале на преубавите плажи на Златниот брег во Австралија. Ема е дисциплинирана атлета, Клои е нежна и несигурна, а Рики е вистинска бунтовничка. Но еден ден, по вина на Рики, моторот на чамецот во кој се возат девојките, се расипува и тие ќе мора да пливаат до мистериозниот остров Меко како би дошле до брегот. Девојките откриваат дека се работи за чуден вулкански остров прекриен со прекрасна џунгла и со најразлични видови растенија и животни.

Сосема случајно, наоѓаат подводен тунел и се обидуваат да излезат од таму пливајќи низ тунелот. Влегуваат во една чудотоворна пештера но во тој момент се случува нешто во водата, некој чуден сјај. Ема, Клио и Рики се враќаат во својот нормален живот, но одеднаш сфаќаат дека ништо повеќе нема да биде исто. Штом дојдат во допир со вода, тие стануваат сирени. Секоја од нив тоа го открива на различен начин, Ема во текот на својот тренинг, Клои за време на бањање, а Рики ја открива својата нова улога кога ќе биде испрскана од прскалка за трева. Но новите улоги значат и нови моќи. Па така, Ема може од сега да ја замрзне водата, Клои да го смени правецот на движење на водата, а Рики да ја натера водата да врие и да предизвика грмотевица. Единствен човек кој ја знае нивната тајна е нивниот пријател Луис кој се обидува да им помага во новонастанатите ситуации. Така, девојките ќе мора да се навикнат на новиот живот и новите моќи, но и да внимаваат никој да не ги открие нивните тајни, затоа што тоа е многу опасно.

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов тест на љубовта во премиерната 4-та сезона на „Афера“ на ТВ 24

Психолошката драма „Афера“ ги прикажува емоционалните ефекти на една вонбрачна врска. Ноа е професор и …