Почетна / Серии / Секоја ноќ адреналин на Сител со новите сезони на „NCIS: LA“

Секоја ноќ адреналин на Сител со новите сезони на „NCIS: LA“

Продолжуваат новите акции на одделот за специјални проекти на NCIS, чија мисија е да лови опасни и несоборливи криминалци кои претставуваат сериозна закана за националната безбедност. Користејќи лажни идентитети и врвна технологија, овој тим од специјално обучени агенти оди на тајни мисии ризикувајќи ги сопствените животи за да ги остварат своите цели.

Специјалниот агент Џи Кален е камелеон кој се трансформира во кој и да е потребен за да се инфилтрира во криминалното подземје. Нему му помагаат специјалниот агент Сем Хана, поранешен член на единицата SEAL; интелигентната Кенси; ИТ специјалистoт Ерик Бил за кого не постои нерешлив компјутерски проблем во оперативниот центар и Хенриета, која го надгледува персоналот во канцеларијата за поддршка, одговорен за обезбедување на сè, од микро камери до тимски автомобили.

Вооружени со најнова технологија и чувство за преживување, сите во оваа единица тесно соработуваат и се потпираат еден на друг за да го заштитат националниот интерес, a притоа пружајќи возбудливи ноќи за гледачите низ многу акција и многу адреналин.

Сител телевизија, секоја ноќ во 00.20 часот, нови сезони од “НЦИС Лос Анџелес”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доку серијал за животот на познатите светски ѕвезди на ТВ 24

Ова лето на ТВ 24 премиерно емитување на документарниот серијал “Биографии”. Занимливости од животот на …

error: Содржината е заштитена!