Почетна / Сапуници / Романската историска новела “Аниела” доаѓа на Телма телевизија

Романската историска новела “Аниела” доаѓа на Телма телевизија

 

Романска теленовела пристигнува во Македонија

 

Наскоро на Телма телевизија со емитување започнува нова историска теленовела, овојпат романската “Аниела”. Меѓу другото, Телма е препознатлива по историските теленовели кои досега ги емитуваше во 20 часот. Пред 15 години почна со емитување на историски бразилски серии од светски признатата и квалитетна продукција Глобо, но потоа прејде на руски и шпански маратонски сапуници, а сега за прв пат во Македонија ќе емитува романска серија.

Оваа сезона исклучок направија со емитување на латиноамериканска серија, “Измамничка” која пред самиот крај ја укинаа. Во продолжение ве информираме за содржината на “Аниела”, која во текот на следните денови започнува на Телма.

 

 

Многу одамна, тогаш кога за судбините одлучувале строгите правила на општеството и тогаш кога слободата на избор било само привилегија на богатите, се раѓа приказната за една убава и млада благородничка. Приказната започнува во почетокот на 20 век во во гламурозниот Букурешт. Аниела Елфетериос е убава девојка која има се’ што ќе посака во животот, има пари, моќ, обезбедена иднина со свршеник благородник. Но смртта на нејзиниот татко го менува нејзиниот живот и таа останува без пари и без никакви привилегии во кои дотогаш уживала. Тогаш доаѓа во судир со општеството, со сите оние богати луѓе кои дотогаш ја ценеле, а сега ја озборуваат и отфрлаат поради тоа што го изгубила престижот.

 

Изгубена во очај и тага, Аниела го запознава младиот Раду и двајцата се вљубуваат еден во друг. Но нивната љубов ќе мора да се жртвува во одредени моменти. Тука е злобната богаташка Поликсениа, која сака да го има Раду по секоја цена. Но Поликсениа го нема она што го има Аниела за да биде благородничка, а тоа се манирите и грациозноста. Во светот полн со лаги и тајни, Аниела и Раду ќе се борат со непишаните правила на општеството, и ќе треба да ги преминат сите препреки за да ја зачуваат својата љубов.

Улоги: Adela Popescu (Аниела), Mihai Petre (Раду), Sabina Posea (Никулина), Diana Dumitrescu (Поликсениа), Dan Condurache (Лоргу) и др.

 

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раскошната костимирана серија за „Екатерина Втора“ на ТВ 24

“Екатерина Велика”, раскошна и возбудлива серија на руската продукција за една од најзначајните жени во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!