Почетна / Серии / Италијанската серија „Врската Палермо“ во 21:30 часот на Телма

Италијанската серија „Врската Палермо“ во 21:30 часот на Телма

 

“Палермо” – од понеделник до петок во 21:30 часот

 

На местото на ЦСИ Њујорк, од утре на Телма започнува нова криминалистичка серија. Овој пат се работи за италијанската крими драма “Врската Палермо”, снимена во 2011 година во вкупно 12 продолженија. Режијата е на Ренато де Марија, а сценариото на Умберто Контарело.

 

 

Содржина:

Заменик началникот Анџело Каронија е 30 годишен маж, кој убаво изгледа и е еден од најдобрите полицајци во Рим. Интуитивен и безобразен, тој работи во централната оперативна служба на Државната полиција. Неговиот живот се менува кога шефот одлучува за казна да го префрли во мала полициска станица во Палермо, градот во кој Анџело бил роден и од кој побегнал во тинејџерските години само за да не стане криминалец.

Враќањето во родниот крај за него нема да биде воопшто лесно, не само поради минатото кое го прогонува, туку и поради тоа што не може да воспостави убав однос со новите колеги. Тие се неемотивни Сицилијанци во секоја смисла. Единствен кој се одвојува е младиот инспектор Даниел. Со текот на времето, сепак Анџело успева да се спријатели со колегите и повторно да го сака својот роден крај, да ги цени карактерот, великодушноста и отвореноста на луѓето околу него. Обединети, полицајците на Палермо решаваат многу криминалистички случаи, кои на крајот излегуваат дека се поврзани со минатото на Анџело.

 

 

Овој месец на програмата на Телма следува и нова теленовела за љубителите на тие серии, додека пак старата “Измамничка” очигледно нема да го види пак светлото на денот, и покрај барањата на гледачите дека сакаат да ја догледаат серијата до самиот крај.

  

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!