Почетна / МК Сцена / Предновогодишен концерт на Каролина Гочева

Предновогодишен концерт на Каролина Гочева

 Македонскиот супербренд Каролина Гочева пред два дена во Клубот на новинари заедно со нејзината продукција Авалон промовираше спот, албум и концерт – промоција насловена како Три во едно. Спотот е за песната „Тој“ која е во нов аранжман и која како таква се наоѓа на најновиот нејзин албум „Најубави песни“. Албумот содржи 16 песни, од кои како што вели Каролина, некои се нејзини најголеми хитови, а некои се од старите кои не станале големи

 

Македонскиот супербренд Каролина Гочева пред два дена во Клубот на новинари заедно со нејзината продукција Авалон промовираше спот, албум и концерт – промоција насловена како Три во едно. Спотот е за песната „Тој“ која е во нов аранжман и која како таква се наоѓа на најновиот нејзин албум „Најубави песни“. Албумот содржи 16 песни, од кои како што вели Каролина, некои се нејзини најголеми хитови, а некои се од старите кои не станале големи хитови и на кои им се дава нова шанса поради квалитетот кој го имаат. Дел од албумот се и две песни испеани само на српски јазик Кад ми небо буде дом и Као мало воде, а тука е и Лејди Годива на Арсен Дедиќ.

Албумот веќе се наоѓа во продажба, а кога се работи за идни нејзини албуми, на промоцијата беше потврдено излегување на продолжение на етно албумот „Македонско девојче“ во следните две години.

 

 

Она што во најблиска иднина се очекува е анплагд концертот кој ќе се одржи во Универзалната сала на 22. декември со почеток во 20.00 часот каде во акустична верзија за прв пат ќе бидат слушнати нејзините песни. Картите ќе бидат пуштени во продажба од 3. декември. Голем концерт на ѕвезда голема како Каролина заслужува само да биде поддржан од најголемите и тоа од Авалон продукција, Пежо, мобилниот оператор ОNE, Пелистерка, Витаминка, Сител телевизија и естрадниот магазин Бекстејџ.

 

 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Каролина и Амира ја отпеаа легендарната „Македонско девојче“

За време на концертот во Хераклеа во организација на неприкосновената Авалон, а и на изненадување …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!