Почетна / Серии / Подгответе се, на Телма доаѓаат озогласените „Жилети“ од Бирмингем

Подгответе се, на Телма доаѓаат озогласените „Жилети“ од Бирмингем

 

Од понеделник до четврток во 20:30 часот

 

Од понеделник до четврток на Телма телевизија со емитување започнува британската крими драма “Жилетите од Бирмингем”. Серијата е снимена во продукција на BBC во досега 2 сезони со вкупно 12 епизоди. Во главните улоги ги гледаме Килијан Мерфи, Сем Нил, Том Харди, Анабел Волис и Ноа Тејлор.

 

 

Дејството започнува 1919 година во сиромашното предградие на Бирмингем, преполно со криминал. Војниците кои се вратиле од Првата светска војна, политички револуционери и банди, коцкари и проститутки, сите се борат за егзистенција во тој индустриски кварт кој е соочен со големи економски проблеми. Оружјето, кое е прокриумчарено од европските ровови, успева да се вовлече во тоа општество и е настанат невиден хаос. Комунистите планираат насилна револуција, а Парламентот ја исчекува, подготвен да реагира навремено. Винстон Черчил мобилизира специјални единици на Лондонската полиција за да се позанимаваат со таа опасност и да го решат тој проблем.

 

 

И во такви услови во тоа предградие живее многубројното семејство Шелби, кои ја чинат најдивата и најголемата банда – Пики блајндерс, кои заработуваат пари преку крадење, рекетирање и обложување. Водач на кланот е Томи Шелби, најнасилниот меѓу нив, но наскоро неговото водство ќе биде ставено на тест.

Немилосрдниот инспектор Кемпел стигнува од Белфаст во Бирмингем да го исчисти градот од злото и криминалот кои го запоседнале. Тоа значи дека за добро да профункционира тоа гратче, мора да се истреби од корен начинот на водење, односно начинот на кој кланот Шелби го тероризира местото. Освен инспекторот, во соседството доаѓа и Грејс, една убава но опасна жена со таинствено минато која крие мрачна тајна.

 

 

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм серии | Термини на емитување и броеви на епизоди