Почетна / Сапуници / Од вторник нова серија на скопската МТМ – „Аурора“

Од вторник нова серија на скопската МТМ – „Аурора“

 

Од вторник на скопската телевизија МТМ во 17:30 часот започнува латино-американската серија на Телемундо „Аурора“. Серијата има 135 епизоди, а приказната е темелена  на коренската серија „Ледената принцеза“. Во прилог е синопсисот.

 

 

Приказната започнува во 90-тите години на минатиот век кадешто се запознаваме со животот на младата и убава Аурора Понсе де Леон, девојка која е опседната со танцот како уметност. Аурора го посетува училиштето за модерна уметност со своите две пријателки Наталија и Ванеса. Една вечер по часовите, девојките го посетуваат локалниот бар и таму Аурора се запознава со Лоренсо. Аурора и Лоренсо ги спојува телесната привлечност и љубовта кон танцот. Ванеса, која отсекогаш и завидувала на Аурора, исто се вљубува во Лоренсо и е подготвена да и го преземе на пријателката.

 

 

Минува време, и од силната љубов на младите Аурора дознава дека очекува дете. Нејзиниот посесивен татко Густаво ќе направи се за да ги раздели вљубените и ќе ја испрати својата ќерка далеку од домот за Лоренсо да не може никогаш да ја пронајде. Откако Аурора ќе донесе на свет здраво девојче, во клиниката на нејзиниот татко ќе откријат дека девојката боледува од неизлечива болест, што ќе му доведе идеја на Густаво да ја замрзне саканата ќерка.

 

 

Улоги: Sara Maldonado, Eugenio Siller, Jorge Luis Pilla, Lisete Morelos, Aylin Mujica и други.

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!