Почетна / Сапуници / Непознати факти: Кандидат

Непознати факти: Кандидат

Она што не го знаете за теленовелата “El Candidato”

Прва теленовела на Ацтека која се занимавашe во целост со политиката како примарна тематика. Избрана е за најдобра теленовела на годината, иако критиката беше поделена. За едни беше совршена продукција, а за други превулгарна и тешка за гледање. Прва теленовела на Ацтека каде што глуми Хумберто Зурита. Во 1997-та година, Хумберто ги напушти редовите на Телевиса каде што беше ексклузивец. Во продукцијата на оваа теленовела му помогнале неговата сопруга Кристијан Бач и неговиот брат Херардо Зурита.

 

 

Теленовелата е снимена според оргиналната идеја на Хосе Игнасио Суарез Васкез. Актерот Клаудио Обрегон кој во теленовелата го глумеше Хувентино Манрике, почина во ноември 2010-та година од срцев удар. Актерот ветеран важи за еден од најдобрите актери на мексиканската синематографија. Во теленовелата заедно глумеа сестрите Лорена и Мајра Рохас. Лорена ја имаше главната женска улога, Беатрис.

Стефани Салас, која во теленовелата го глумеше ликот на Перла Сантојо, доаѓа од една од најславните фамилии во Мексико, семејството Банкелс. Нејзината мајка е Силвија Паскел (El Manantial), баба и е легендарната актерка Силвија Пинал (Soy Tu Duena), дедо и е актерот и режисер Рафаел Банкелс, а теткa и ce пејачката Алехандра Гузман и актерката Росио Банкел (Cuidado con el Angel), додека татко и е музичарот Мајк Салас.

Во Македонија, теленовелата беше прикажана во период од септември 2001-та година, кога ја замени мега успешната Por tu Amor, а како следбеничка беше пуштена Rosalinda, секако на првиот македонски канал.

 

 

 

LucasScott | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Капетан Џевдет ја најавува новата сезона на историскиот спектакл

Од понеделник, како што веќе пишувавме, започнуваат новите и последни епизоди од костимираната трагедија “Далеку …