Почетна / Забава / Незаборавна вечер со Bryan Ferry на 9 септември во Скопје

Незаборавна вечер со Bryan Ferry на 9 септември во Скопје

Човекот наречен King of the cool – BRYAN FERRY доаѓа во Скопје да испорача уште една незаборавна вечер со неговиот харизматично шармантен настап, исполнет со сите негови хитови и хитовите на Roxy Music (Avalon, Slave To Love, Don’t Stop The Dance, Jealous guy..), како и песните од последниот негов албум “Avonmore”, придружуван од 12 неверојатни музичари на сцена

– “Се разбира дека доаѓањето на човекот кој е виновен за името на Авалон Продукција, во годината кога славиме 25 години од постоењето, на 9ти септември, ден по Денот на независноста на Македонија во салата на Македонска филхармонија е чиста случајност… за тие кои веруваат во чуда! :). Bryan Ferry e секако еден од највлијателните и најиновативни артисти на светот на сите времиња и ова ќе биде можеби последна можност да се види во живо во Македонија!” – соопштуваат од најреномираната продуцентска куќа на овие простори, Авалон.

Влезниците за овој досега најексклузивен музички настан во историјата на Р. Македонија се пуштени во продажба, по цена од 6.150 денари и истите ќе може да ги набавите преку новиот тикет сервис www.avalon.com.mk/tickets, онлајн, како и на билетарата на Македонската филхармонија.
Резервации се вршат и на следниве телефонски броеви: 070260350 и 078365245 (секој работен ден, од 10 до 16 часот, освен сабота и недела).

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пред концертот на Стинг, ТВ 24 со ексклузивно интервју со Авалон

Телевизија 24 директно од Градскиот стадион во Скопје, направи интервју со првиот човек на најголемата …