Почетна / Живот / На Фејсбук се „пофалил“ дека ја убил мајка си!

На Фејсбук се „пофалил“ дека ја убил мајка си!

Убиецот од Неготино, 23-годишниот Димитар Спасов на Фејсбук објасни која била причината поради што ја убил својата мајка – често менувала мажи!

 

Нада Спасова работала како хигиеничарка, а неговиот татко бил заболекар. Починал пред неколку години. Димитар на социјалната мрежа напишал неколку статуси по извршеното убиство. „Еве ви, ја заклав, ја угушив“, бил првиот пост, а потоа открил дека неговата мајка никогаш не го посетувала гробот на татко му, и често ги менувала мажите. „Ја завршив работата“, напишал тој. Другарите што го забележале постот веднаш се јавиле во полицијата.

Убиецот рано изутрина (вторник) се обидел да го фрли телото во контејнер, по што веднаш бил уапсен од полицијата. Нада Спасова имала околу педесетина убоди во вратот, стомакот и градите, а крвта од убиството може да се забележи по целата зграда кадешто живееле во Неготино. Димитар во полицијата го признал убиството.

 

 

 

Chris | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Реновирано живеалиштето за кенгури во Скопската зоолошка

Живеалиштето за кенгурите или реон попознат како „Австралија“ доби нов изглед. ‘ Благодарение на донацијата …