Почетна / Забава / Најдобрата викенд журка во Охрид е вечерва

Најдобрата викенд журка во Охрид е вечерва

 

Вечерва во Охрид, на 2ра плажа-Градиште започнува најдобрата журка викендов! Со почеток од 23:00 часот најавена е пет часовна журка со Слаткаристика, Дј Ник Капа, Газда Паја, Токсиколози и многу други. Покрај нашите домашни артисти, кај нас за прв пат настапува Газда Паја со неговата хит песна “Чке Београдске” и Дј Ник Капа со светски познатата „Summer in love“ трака.

Вечерта од Охрид- Центар и Билјанини извори ќе има организиран превоз до плажата Градиште, а картите со цена од 200 денари може да се набават на влез и во претпродажба на плоштад-Охрид и низ продажната мрежа на Мк Тикетс. За да го запаметите најлудиот викенд ова лето во Охрид, посетете ја најдобрата журка на летото и забавувајте се под отворено небо на Градиште- 2ра плажа, местото кое секогаш нуди супер журка!

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт „Поврзување” во Филхармонија под диригенство на Чадловска

„Поврзување” е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, 14 март …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!