Почетна / Телевизија / МТВ се модернизира со најсовремена опрема

МТВ се модернизира со најсовремена опрема

 

Две нови HD репортажни возила со 12 нови HD камери, специјализирани за директни преноси од секаков вид (спортски натпревари, манифестации, фестивали итн.) опремени со најмодерна технологија и графика е новата опрема на Македонската Радио Телевизија.

 

 

Со ова се зголемува техничкиот капацитет на телевизијата и претставува прва ваква инвестиција по 40 години на работење на јавниот национален сервис.

 

 

„Изминатиов период покажавме дека јавниот сервис може да има квалитетна програма. Нашите планови се големи бидејќи граѓаните на Република Македонија кои плаќаат радиодифузна такса заслужуваат да имаат квалитетен техничко опремен јавен сервис, кој има за задача прв да ги воведе македонските медиуми во дигиталната ера на 21. век, а воедно и да обезбеди високо квалитетна програма “, изјавија од менаџментот на МРТВ.

 

 

Средствата за опремата се од буџетот на МРТВ иако помал од минатата година се обезбедија услови да се опреми телевизијата, а инвестицијата е дел од проектот за модернизација на јавниот сервис според најновите техничко-технолошки трендови кои овозможуваат професионално и квалитетно работење.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корисни совети и искуства во семејниот магазин „Моето дете“ на ТВ 24

Забавно – едукативна емисија која е наменета за деца и родители, а во рамки на …