Почетна / МК Сцена / Лозано и Ламбе се соочија во „Дуели“, гласајте и вие!

Лозано и Ламбе се соочија во „Дуели“, гласајте и вие!

 

Од понеделникот на форумот на ТВ Пакет започна играта наречена „Дуели“, каде преку дуели ќе се избере вашиот фаворит за оваа година. Оваа недела на дуели се македонските пејачи и песни, а по нив следуваат и дуели на политичари, водители, министри, серии и ликови од серии, филмови и ликови од филмови, емисии, телевизии, странски шоуа, музичари, актери и песни, како и многу други категории.

 

 

Во првиот дуел се соочија македонските пејачи Ламбе Алабаковски и Влатко Лозаноски, како и нивните песни „Бело е се“ и „Нема ден нема ноќ“. Доколку сакате да се вклучите во гласањето, регистрирајте се уште сега на форумот на ТВ Пакет и дадете го својот глас. Ќе се избира дуел на неделата, па на месецот и така натака се додека не се дојде до едниот и единствен, фаворит на годината. На секои два дена ќе има по два дуели се до крајот на оваа година.

 

 

Освен за дуелите, на овој форум може да прочитате и да коментирате за најновите вести од светот на сериите, филмовите и телевизијата, а и да ја прочитате и да дадете коментар за новата веб новела „Предавство“. Форумот и порталот на ТВ Пакет остануваат и понатаму ексклузивни и единствени во информациите и критиките што ви ги нудат.  

 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт на Funk Shui во културно-едукативниот центар Лабораториум

Funk Shui ја одбележаа 2023та со преку 20 концерти во Европа и на Балканот (Берлин, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!