Почетна / Телевизија / Лазар Темелков си замина од Алфа телевизија

Лазар Темелков си замина од Алфа телевизија

 

Еден од најдобрите спикери во Македонија, Лазар Темелков кој важи за препознатливо лице на Алфа телевизија, си дал од отказ од истата. Темелков во оваа телевизија работи од нејзиниот прв ден. Тој побарал од здравствени причини да си замине и договориле спогодбено да му заврши работниот однос во телевизијата.

 

 

Темелков беше хит на порталите и социјалните мрежи вечерта по завршување на првиот круг на локалните избори. Тој го започна отвореното студио со гости аналитичари, но делуваше како да е под дејство на алкохол и емисијата беше прекината со реклами, а продолжи да ја води друг новинар.

Социјалните мрежи и порталите веднаш реагираа, се пренесуваше видео снимката, а Темелков се соочи со критики и потсмев дека пијан седнал да води емисија. Неговото и образложението од телевизијата беше дека заради здравствени проблеми извесно време пиел и седативи, па несреќниот инцидент бил резултат на лекарствата, а не на употреба на алкохол. Од ТВ Алфа изјавиле дека Темелков има сериозни здравствени проблеми и жалат што мора да се повлече.
 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ: Советот на агенцијата одлучува без какво било влијание

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги категорично ги отфрла наводите на Здружението …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!