Почетна / Забава / Кенан Имирзалиоглу се повлекува од малите екрани

Кенан Имирзалиоглу се повлекува од малите екрани

 

Популарниот турски актер Кенан Имирзалиоглу ќе се оддалечи од малите екрани штом заврши со снимањето на серијата „Карадаји“ за која имаме сознание дека е откупена од една од македонските телевизии.

Ваквата одлука маркантниот актер ја донесе поради напорното темпо на снимање, кое подразбира снимање на 90-минутни епизоди во рок од недела дена. „Од сега нема да прифаќам улоги во серии чии што епизоди траат по 90 минути“, рече Езел од истоимената серија, кој неодамна е прогласен за актер на годината по избор на турското издание на магазинот „GQ“.

 

 

Многу актери и пред него изразија негодување поради исцрпливиот начин на работа во Турција – меѓу нив се и Нургул Јесилчај и Мерием Узерли, кои исто така изјавија дека повеќе нема да прифаќаат улоги во класични турски серии.

Ја поддржувате ли оваа одлука на Кенан? Сметате ли дека навистина треба да им се стави крај на продуценттие што од телевизиските актери бараат за недела дена да снимат онолку материјал колку што обично се користи за филм?

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Диригентот Виктор Митревски настапи во Операта во Малме

Македонскиот диригент Виктор Митревски, кој живее и работи во Виена, на 8 и 10 јануари, …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!