Почетна / Телевизија / Инфо | Аудиции за трети сезони од „Пинк ѕвезди“ и „Пинк ѕвездички“

Инфо | Аудиции за трети сезони од „Пинк ѕвезди“ и „Пинк ѕвездички“

 

27 јуни, 13 часот, Сител телевизија – аудиции

 

Пинк телевизија најавува нови, трети сезони од нивните шоу програми “Пинк ѕвезди” и “Пинк ѕвездички”, кои ќе стартуваат од септември. Сител телевизија ги откупи ексклузивните права за емитување и на новите сезони на територијата на Македонија.

 

 

Аудициите за новите сезони и за двете шоуа ќе се одржат овој месец во повеќе градови во регионот. За македонските идни ѕвезди и ѕвездички кои сакаат да го покажат својот талент во пеење, еве шанса да го сторат тоа.

На 27 јуни (понеделник) во просториите на Сител телевизија со почеток во 13 часот ќе се одржат аудициите за новите македонски ѕвезди и ѕвездички на Пинк.

 

 

Дотогаш уживајте во последните финални емисии на вторите сезони од “Пинк ѕвезди” и “Пинк ѕвездички”. Македонските кандидати Мите и Адам од следната сабота ќе бидат подложени на гласот на публиката во шоуто на големите, додека за Мартија, Елена и Антониа продолжете да гласате за да се најдат во големото финале во шоуто на малите ѕвездички.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Ружица Фотиновска како презентер на дневните вести на ТВ 24

Новинарката Ружица Фотиновска веќе одреден период ја гледаме на екранот на ТВ 24 и како …