Почетна / МК Сцена / Интервју | Кој е Ален од „Сите наши песни“

Интервју | Кој е Ален од „Сите наши песни“

 

Вчеравечер на МРТ1 се емитуваше првата емисија на новото музичко шоу „Сите наши песни“ кое има цел да ја промовира квалитетната македонска музика и воедно да ги мотивира младите изведувачи да создаваат новокомпонирана македонска музика. Во првата емисија гласовните способности ги одмеруваа талентите од Прилеп – Наташа Седлоска, Ален Хасановиќ и Анѓела Ѓуричанин, додека пак за општина Тетово настапуваа: Марија Зафировска, Миќо Стојчески и Даниел Мерџановски. Натпреварувачите од Прилеп победија, а со тоа си обезбедија и место во четврт-финалето.

 

 

Нашето внимание го задржа натпреварувачот Ален Хасановиќ од Прилеп, кој освои три 10-ки од жирито. Во оваа прилика одблизу ве запознаваме со ова талентирано момче, за што разговаравме со него, прочитајте во продолжение.

 

 

Кој е Ален Хасановиќ?
Ален е човек кој е многу амбициозен, многу ја сака музиката, секојдневно пее, свири, се шегува, се дружи со сите и ужива во животот.

Како се доживуваш себеси?
Себеси се доживувам како обичен човек кој живее да сака, да биде сакан и еден ден да си го оствари својот сон, за кој секојдневно дава многу труд.

Која ти е неостварена желба?
Немам неостварени желби сите желби постепено ми се остваруваат, затоа што многу сум амбициозен како што кажав, со многу труд и малку среќа во животот се остварува се, барем јас така мислам.

Од каде идеата да се пријавиш во шоуто „Сите наши песни“?
На ова шоу првенствено се пријавив затоа што имав огромна желба да настапам со Биг Бендот на МРТ, ете и тоа ми се оствари, и затоа што сакам да се забавувам.

Какво е чувството да настапиш на сцена со големиот бенд на МРТ?
Чувството не можам да ви го опишам беше прекрасно, јас сум задоволен како отпеав, се надевам дека им се допаднав и на гледачите, имав мала позитивна трема која секогаш пред настап е присутна кај мене, накратко кажано тоа што го очекував така и се случи.

Доби три 10-ки од жирито, очекуваше ли?
Искрено најбитно ми беше како ќе ме оцени жирито, испадна така како што очекував, ми дадоа три 10-ки, сепак ми беше чест да добијам такви позитивни коментари од докажани професионалци во својата работа како што се Тамара, Роберт и Маестро Александар Џамбазов.
 

Што повеќе сакаш да пееш, народно или забавно?
Искрено уште како мал сакав да ги пеам сите стилови на музика, не сакав да бидам ограничен и ден денес таму кај што пеам може да се чуе од се по нешто, а најмногу забавно. За тоа добивам позитивни коментари од публиката и тоа ми се допаѓа.

Каде можеме да те видиме најчесто?
Не шетам многу најчесто можете да ме видите на Музичката академија во Скопје затоа што таму студирам, исто така и на моите свирки кои ги правам низ многу клубови во Македонија.

Што правиш во слободно време?
Има многу работи кои сакам да ги правам во слободно време, сакам да фотографирам, многу сакам да спијам :), да свирам на пијано, пишувам музика, текстови итн.

Што следно можеме да очекуваме од тебе, можеби снимање сингл?
Имам многу планови, за сега шоуто ми е приоритет, а наскоро се надевам дека ќе ја снимам и својата прва песна, на која автор сум јас, ај да не откривам многу, ќе чуете…

 

 

 

 

Гоце М. | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Откажан „Мозаик“, парите за карти може да ги рефундирате

Организаторот на МОЗАИК фестивал заедно со артистите на настанот одлучи да го одложи концертот во …

error: Содржината е заштитена!