SIDEBAR TOP BANER 1
Почетна / Телевизија / За своите победи, Зафир Хаџиманов во „Патот до успехот“ на 24ка

За своите победи, Зафир Хаџиманов во „Патот до успехот“ на 24ка

Зад него има многу признанија, но и матна река на солзи и порази

 

Понеделник, 6 август во 19 часот на ТВ 24 – нова емисија од “Патот до успехот”. Мишко Иванов овојпат ќе разговара со познатиот македонски пејач, композитор и поет, Зафир Хаџиманов.

Зафир Хаџиманов е носител на повеќе награди и признанија на фестивали за поезија и музика, меѓу кои на Струшките вечери на поезијата, во 1975 година и на Интернационалниот фестивал на шансони во Загреб, во 2003 година.

Од бројните песни што ги испеал, најпознати се: „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, Од љубов не се бега“ итн. По повод 55 години од неговото музичко творештво, на 28 ноември 2014 година бил промовиран неговиот компилациски албум со 19 песни, којшто во тираж од 10.000 примероци.

Во 2007 година, Зафир Хаџиманов бил промовиран во почесен амбасадор на културата на Македонија во Србија. Што има да каже Зафир од неговиот дом во Белград, какви биле неговите почетоци и како го градел патот до успехот, слушаме во понеделник на 24ка.

Дани | ТВ Пакет

Можеби ќе ве интересира

МТВ : Реакцијата на СДСМ е директен притисок кон работата на МТВ

МРТ: Обвинувањата на СДСМ се неосновани   По реакцијата на СДСМ во врска со отворената …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *