Почетна / Серии / Започна снимањето на серијата „Тврдокорни“

Започна снимањето на серијата „Тврдокорни“

 

Во Марков манастир започна снимањето на првата сцена од филмскиот серијал „Тврдокорни” во копродукција на 3Д – Проект Студио, Скопје и МРТВ.

 

 

Серијалот ги опфаќа дел од животот и смртта на македонските војводи од илинденскиот период или поточно од 1903 – 1915 година. Овие денови се снимаат сериите за војводите Јосиф Даскалов, Пешо Самарџиев и Мишо Развигоров. Серијалот опфаќа 30 играни серии кои ќе се снимаат парцијално а првите локациите на снимање се Кратово, Штип и Марков манастир.

Серијалот е во режија на Миле Гроздановски, продуцент Милчо Узунов a костимограф Зорка Тодоровска Младеновиќ.

 

 

„Поминаа повеќе од дваесет години од снимањето и емитувањето на претходниот серијал Тврдокорни, исто така во организација на МРТВ. Идеата за повторување на овој проект беше пред сè успешноста на претходниот, но и потсетување на вредностите кои ги претставуваат војводите во тој период. Денешното време и нашата младина има потреба од зајакнување на идентитетот преку приказните за нивните предци. Сегашните „Тврдокорни” се добропозната приказна раскажана низ денешни стандарди и вкусови на генерацијата”, изјави режисерот на „Тврдокорни”, Миле Гроздановски.

Во серијалот глумат триесетина познати актери меѓу кои Сашко Коцев, Диме Илиев, Сашо Тасев, Рубенс Муратовски, Драган Спасов Дац, Лазо Манасков, Ѓокица Лукаревски, Оливер Митковски, Славиша Каевски, Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски, Борче Начев, Александар Миќиќ и Дејан Лилиќ. Во секоја серија покрај главните и споредни актери земаат учество од 15-20 статисти.

 

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм серии | Термини на емитување и броеви на епизоди

error: Содржината е заштитена!