Почетна / Телевизија / VIP Survivor / Жаре понуди секс, за возврат доби шлаканица!

Жаре понуди секс, за возврат доби шлаканица!

Македонскиот шоумен Жаре-Бербер добил шлаканица откако старлетата Станија, која има 24 години, не ја прифатила неговата понуда за секс. Оваа вест денеска осамна на многу портали откако доброупатениот извор до продукцијата на “Survivor” ја рашири ширум Балканот.

 

 

Имено, Жаре ја повикал Станија надвор од шаторот и почнал да и нуди сексуален однос на островот, пренесуваат медиумите.

“Дојди малечка ќе се забавуваме, убаво да го искористиме ова време”, и шепнал шоуменот на сексипилната зајачица, на што таа одговорила:

“Чичко Жаре веројатно се шегувате, но ве молам во иднина да не правите други вакви шеги”.

Овој коментар бил причина Жаре да стане уште повеќе дрзок:

“Па што мислиш ти, дека во Скопје јас шетам со нешто постаро од 20 години. Јас за тебе не сум чичко, мене ме обожаваат помлади клинки од тебе. Дојди да видиш што е уживанција”, наводно овој бил коментарот на Жаре пред да ја повлече Станија кон себе и да добие силна шлаканица по лицето од неа.

“Срам да ви е, засрамаете се од своите години, чичко Жаре”, вриснала Станија и побегнала од него.

По скандалот односите меѓу Жаре и Станија целосно се заладиле, а оваа ситуација старлетата и ја раскажала на актерката Миа Беговиќ.

 

 

 

 

 

Martin M. | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Никола Шоќ на детска возраст

Деновиве низ балканските интертнет портали можеше да се види една интересна фотографија од приватниот албум …