Почетна / Филм / Дали сте за авантура? Овој ноември FilmBox ве води во потрага по богатство

Дали сте за авантура? Овој ноември FilmBox ве води во потрага по богатство

Дали сте чуле за „Килибарната соба“?

Тоа е веројатно најголемиот мит во германската повоена ера: Од нејзиното исчезнување во 1945 година од замокот Конигсберг, легии на ловци на богатства се обидоа и не успеаја да ја пронајдат просторијата. Се вели дека генијалниот физичар Алберт Ајнштајн ја криел легендарната килибарна соба од нацистите во турбулентните  последни денови на војната. Тајната што е сокриена во килибарот,  доколку се најдево погрешни раце, може да го уништи човештвото! Нашите авантуристи, Еик, Катарина и Јустус, во филмот „Тајната на килибарната соба“ наидуваат на неверојатна трага и со помош на правнуката на Ајнштајн, Мила,  се борат против немилосрдниот фармацевтски магнат, кој не штеди труд и ресурси за да стигне до килибарната соба. Доколку сакате возбуда, забава и мистерија бидете на FilmBox Extra на 15.11.2020 година во 19: 10 часот.

За да останеме во авантуристичко расположение, ги имаме Кевин Костнер како Робин Худ, Морган Фримен како Азим, Кристијан Слејтер како Вил Скарлет, Мери Елизабет Мастрантонио како Маријан и Алан Рикман како шерифот од  Нотингем. Да, во право сте, го имаме „Робин Худ: Принцот на крадците“ на FilmBox Stars на 27.11.2020 година во 18:40 часот. Можеби ќе речете дека Костнер е премногу стар или предобро ухранет за да го игра Робин Худ, дека неговиот акцент е лажен , дека политичката перспектива на приказната е невидлива, но мора да се согласите дека ова е голема, шарена и остроумна  изведба на старата приказна за познатиот англиски борец за обесправените и филмот нуди, освен одлична фотографија, и два солидно забавни часа.

Ако сте за добра семејна драма во текот на долго неделно попладне, погледнете го Soccer Nanny на Filmbox Stars15.11.2020 во 17:35 часот. Еве како се одвива приказната. Млада вдовица која живее на ранч за биволи во центарот на Канзас, ангажира норвешки фудбалер да биде дадилка и да и помогне да одгледа два сина. Младиот норвежанец Одмунд Линдефлатен пристигнува во центарот на Канзас и со добродушност и насмевка ги освојува срцата на сите. Веќе ви е јасно дека треба да се подготвите за многу смеа и емоции.

Да го комплетираме списоот „Што да гледам во ноември“ со „Измамникот “ на Фелини. Во околината на Рим, група измамници се облекуваат како свештеници и ги измамуваат сиромашните земјоделци оддземајќи им ги заштедите. Во градот пак се претставуваат како службеници кои им земаат на луѓето депозити за станови.Со измама стекнатите приходи ги трошат на светкави автомобили, шампањ и проститутки. Како ќе заврши нивната последна измама, дознајте на FilmBox Arthouse на 15.11.2020 година во 21 часот.

За повеќе новости за FilmBox следете ја Facebook страницата Filmbox Macedonia. FilmBox каналите ви ги овозможува  SPI International, а се достапни на A1 операторот како и на Neotel, Inel Internacional, Viva Net, TRD Kabel, Kanal 16 Ресен, Altra Sat 2000 Охрид, Infel KTV Охрид, Kable Kall Кичево, KDS Kablenet Прилеп и Vinsat Kabel.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Фантастични филмски остварувања на Телма овој октомври

По скандинавскиот политички трилер “Окупирани”, новата сезона на “Аларм за Кобра”, новелата “Горчлива одмазда” и …

error: Содржината е заштитена!