Почетна / Филм / Германскиот филм „Тајната на китовите“ во понеделник и вторник на МТВ

Германскиот филм „Тајната на китовите“ во понеделник и вторник на МТВ

23 и 24 јули во 21 часот на Македонската телевизија

 

Ана Валдман, заедно со својата петнаесетгодишна ќерка Шарлот заминува кај својот татко во Нов Зеланд, инаку познат истражувач на китови – професорот Јоханес Валдман. Преку посетата на Нов Зеланд, Ана се надева дека нејзиниот татко ќе влијае позитивно на Шарлот, која малку застранила од вистинскиот пат во животот. Но, кога ќе стигне таму, Ана дознава дека нејзиниот татко е мртов и тоа наводно како жртва на бродска несреќа.

Ана се сомнева во околностите во кои умрел нејзиниот татко, и затоа решава да почне да го истражува случајот, а во тоа и помага Крис, кого го запознава таму. Мозаикот почнува да станува јасен, а истрагата ја води до големи нафтени и гасни компании, кои се виновници за смртта на Јоханес. Но, зошто тие компании и луѓе го убиле Јоханес? Што сакале од него? Дали китовите се токму причина за убиството и заверите кои следат?

Одговори на овие прашања следиме во понеделник и вторник, во летното кино на Прва, во дводелниот германски филм. Улогите ги толкуваат Veronica Ferres, Christopher Lambert, Mario Adorf, Alicia von Rittberg, Fritz Karl, Bruno F. Apitz, Leon Clingman, Joe Dekkers-Reihana, Gary Green, Jana Kleyn, Darron Meyer, Sean Cameron Michael.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кинескиот филм „Последниот волк“ во сабота на ТВ 24

Во новата телевизиска сезона, телевизија 24 ќе емитува по еден премиерен игран филм неделно и …

Leave a Reply