Почетна / Забава / Во затвор поради „Харлем шејк“ – ќе урнеа авион!

Во затвор поради „Харлем шејк“ – ќе урнеа авион!

Лудилото „Харлем шејк“ со лошо влијание врз народот. Секој сака да се истакне на свој начин, но никој не размислува за можните последици. Имено, Американската воздушна управа покрена истрага против група студенти коишто го довеле во опасност животот на сите патници и членови на екипажот со тоа што го играле лудиот танц.

„Кога толкава група на луѓе истовремено се движи во авионот, доаѓа до губење на рамнотежата што може да предизвика губење на контрола над леталото“, тврди експертот Глен Вин и додава дека не може да поверува оти членовите на екипажот допуштиле такво нешто во својот авион.

Овој „Харлем шејк“ е организиран од студенти од Универзитетот во Колорадо, кои патувале на турнир во фризби во Сан Диего. Студентите успеале да ги наговорат буквално сите патници да станат и да танцуваат. Видеото на Јутјуб има над 2 милиони прегледи. Американската воздушна управа потврди дека е отворена истрата за случката, а најмногу се интересираат во кој дел од авионот се одвивало лудилото.

Крис Манев | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Македонецот од Гранд сними кавер на балада од Тоше

Македонскиот пејач кој повторно го гледаме во најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Стефан …

error: Содржината е заштитена!