Почетна / Забава / ВИДЕО: Димитар и „Тајфата“ ја објавија својата прва песна

ВИДЕО: Димитар и „Тајфата“ ја објавија својата прва песна

 

Денеска во кубанскиот ресторан „Каса Кубана“ во Скопје, Димитар Андоновски и „Тајфата“ пред припадниците на седмата сила го промовираа долгоочекуваниот видеоспот за нивното првенче  – „Седум дена, седум ноќи“. Станува збор за едно совршено музичко парче, позади кое се потпишува братско-сестринскиот тандем, Лазар и Магдалена Цветковски. 

 

 

Впрочем, со оваа нумера, Димитар и „Тајфата“ имаат намера на јавноста да и го претстават новиот музички правец, за кои тврдат дека ќе и се допадне на публиката.

– Со оваа песна сакаме да го најавиме новиот музички правец во Македонија, односно ќе имате можност да слушнете етно-поп тема за која сме сигурни дека ќе допре до публиката. Ние не застануваме тука, веќе се подготвуваме за снимање на заедничкиот албум, без разлика што настапите од ден на ден сè повеќе се зголемуваат – велат момците од бендот.

Инаку спотот е снимен во Охрид, а како режисер се потпишува „Веста продукција“.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Модниот бренд „Елена Лука” на страниците на британскиот Vogue

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука се најде на страниците на ноемвриското издание на престижниот магазин, …