Почетна / Живот / Беар Грилс во нова преживувачка мисија на Костарика

Беар Грилс во нова преживувачка мисија на Костарика

 

Од  11 април | 22ч. | Discovery Channel

 

Седум ѕвезди ќе отпатувааат во дождливата дивината во Костарика во бескомпромисна  дванаесет дневна преживувачка експедиција. Тие се турнати до нивните психолошки и физички граници да видат кој од нив има херојски квалитети потребни за победа.

 


 

Ѕвездите ќе се соочат со низа предизвици како одење по тешко пристапни терени, да се хранат со сè она што природата им го пружа, спуштање со јаже низ водопади и преминување на опасни води.

Учесници во серијалот се освојувачката на злато Кели Холмс, потоа освојувачот на Светското рагби првенство Мајк Тиндал, актерите Емилија Фокс, Лоренс Фокси Том Росентал, пејачот Макс Џорџ и ди-џеј Вог Вилијамс.

 


 

Беар Грилс секоја недела ќе елиминира по една ѕвезда, сè додека не останат тројца во големото финале.  Спортисти, актери или пејачи, може се навикнати на светлата на сцената но ништо не ги спасува од нивните сопствени стравови, вклучувајќи го стравот од висина, вода и животни.

Серијалот ќе започне да се емитува од понеделник, 11 април 2016 во 22 часот на Discovery Channel.

 


Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Хорор во хотелот „Европа”, некогашната гордост на Отешево

Ова е кратко видео сведоштво за една типична негрижа од македонското општество кон нешто вредно …