Почетна / Телевизија / Х Фактор / Ана Грубин тепана или не? Еве што велат од МБК

Ана Грубин тепана или не? Еве што велат од МБК

 

Името на најгледаното шоу на Балканот „Х-Фактор“ оваа недела беше поврзано со многу скандали па затоа од МБК продукција се почувствуваа должни да ги разјаснат приказните што се шират по медиумите во државите каде што се емитува шоуто. Соопштението го пренесуваме во целост.

 

 

Соопштение од МБК Продукција:

Извинување до Ана Грубин поради непријатностите што ги доживеала по завршувањето на емисијата емитувана во вторникот навечер. Поради се она што овие денови се пласира во медиумите, продукцијата МБК чувствува потреба да изрази жалење поради сите непријатности што и се случија на водителката на „X Factor“ на Грубин како и на членовите на нејзиниот тим.
 
Ана дојде во договореното време на закажаната проба каде не предизвика апсолутно никакви скандали, ниту кон вработените ниту кон гостите во емисијата. Бидејќи деновиве се пласира приказна дека Ана се однесувала непрофесионално и надмено на пробите и на снимањето, продукцијата МБК тврди дека таа е личност која работата ја извршува професионално и со неа немале ниту еден проблем. Ана никогаш не ја уценувала продукцијата, ниту барала да се смени кој било од гостите, натпреварувачите или остатокот од екипата. Сите одлуки се донесени исклучиво од страна на МБК продукцијата.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …