Почетна / Серии / Австралиска крими серија „Џек Ајриш“ попладне на 1 ТВ

Австралиска крими серија „Џек Ајриш“ попладне на 1 ТВ

Нова австралиска серија на 1 ТВ, заснована на романите на Питер Темпл. Низа приказни со напнати заплети, харизматичен главне лик и шармантни споредни ликови ќе ве дружат овој септември околу 23 часот. Џек Ајриш некогаш бил успешен деловен партнер во една приватна адвокатска канцеларија во Мелбурн, но откако сопругата му е убиена, тој запаѓа во алкохолизам и депресија. Прво, започнал да ги губи случаите, а потоа и самодовербата. Откако стигнал до дното, решава повторно да се издигне, да стане приватен детектив и да го среди мозаикот на својот разурнат живот.

Па така, во првиот случај, Ајриш разоткрива сериозна мрежа на корупција во полицијата, црквата и државниот политички врв. Потоа следува случај во кој му помага на пријателот, чиј син исчезнал, а во третиот дел, Џек е во потрага во една црвена книга, преку која навлегува во свет на мрачни ликови, уценувачи и убијци.

Ликот на Џек Ајриш го толкува Гај Пирс, познат по улогите во филмовите “Доверливо од ЛА” (1997), “Мементо” (2000) и “Прометеј” (2002).

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прва скопска МТМ со реприза на СФ хорор серија во прајмтајм

Прва скопска МТМ телевизија по долг период на премиерни серии од понеделник започнува со репризи …