Почетна / Серии / Телма ТВ на гледачите секоја вечер им нуди репризни серии

Телма ТВ на гледачите секоја вечер им нуди репризни серии

Наместо премиерна програма, уредништвото на телевизија Телма последниов период се одлучи да им понуди на своите гледачи – репризи на веќе претходно прикажани серии.

Па така, во моментов секоја вечер на Телма следите репризно британска серија во 20.30 часот, белгиска серија во 22.15 часот и канадска серија во 23.40 часот. Овие серии на социјалните мрежи на телевизијата се најавуваат како премиери, иако истите премиерно беа прикажани буквално пред неколку месеци.

Зошто во тек на сезона, уредништвото на телевизијата се одлучи за емитување на непремиерна програма во прајмтајм? Дали гледачите кои ја следат програмата на ТВ Телма ќе имаат можност да следат нови и премиерни серии во термините од 20.30 часот, 22.15 часот и 23.40 часот како што се емитуваа и минатите месеци, па и години?

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По толку емисии за бизнис и политика, сега и реално бизнис шоу на Телма

На 10 ноември ТВ Телма ќе започне да го емитува првото балканско реално шоу посветено …

error: Содржината е заштитена!