Почетна / Спорт / Телма нѐ носи во светот на ретро автомобилите преку пулсот на класиците

Телма нѐ носи во светот на ретро автомобилите преку пулсот на класиците

“Пулсот на класиците” е проект посветен на истражување, документирање и промоција на богатата историја и наследство на ретро автомобилите заедно со симбиоза на природните убавини на нашата држава. Преку серија од десет видеа, ќе навлеземе во различни аспекти на овие иконични возила, од нивната историја и дизајн, до техничките спецификации и процесите на реставрација.

Секое видео ќе нуди подлабок увид во светот на ретро автомобилите, со ексклузивни интервјуа со експерти, колекционери и ентузијасти. Дополнително, ќе го следиме процесот на реставрација на еден ретро автомобил, ќе споделуваме совети за одржување и возење, а ќе ги истражуваме и најновите трендови и настани во светот на ретро автомобилите.

Возбудливо патување низ историјата, елеганцијата и страста за ретро автомобилите!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѓоревски: Го враќаме европскиот сјај на МЗТ Аеродром

МЗТ Скопје Аеродром по 25 години повторно ќе настапува во европско натпреварување под капата на …

error: Содржината е заштитена!