Почетна / Серии / Сител со нови авантури на „Миа и јас“ за уживање на најмладите

Сител со нови авантури на „Миа и јас“ за уживање на најмладите

Од овој викенд на Сител во утринскиот блок следуваат нови продолженија од цртаната серија “Миа и јас”. Веднаш по Пепа и пред “Гоуст рокерс”, најмалите гледачи ќе уживаат во приказната за Миа, која преку еден чудесен портал, се транспортираше во светот на еднорозите и змеевите.

Во волшебниот свет, таа ги бранеше еднорозите од желбата на Кралицата да ги фати и искористи како би останала вечно млада. Земјата на чудата со доаѓањето на Миа стана ново место на забава, авантури и борби. Во новите продолженија од оваа германско-италијанско-канадска продукција, ќе видите нови негативци во земјата на чудата од кои Миа ќе мора вешто да ги одбрани своите еднорози.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Руските „Татковци“ во потера по терористи во нова викенд серија на Сител

Дванаесет средношколски одбојкарки се киднапирани додека се враќаат во Москва по натпреварот на Кипар каде …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!