Почетна / Серии / „Осмиот ден“, серија исполнета со мистерија и страст

„Осмиот ден“, серија исполнета со мистерија и страст

Мини серијата што ќе ве воодушеви веќе се прикажува на Dizi каналот.  Осмиот ден“ во продукција на врвната продуцентска куќа Ay Yapim е приказна во која ништо не е како што изгледа и сè е можно.

Кога се чини дека Бахар има сѐ: богато семејство, сопруг што ја сака и бебе на пат, тогаш нејзината мајка загинува во авионска несреќа и наскоро дознава дека ништо и не било како што изгледаше.

Шехназ, мајката на Бахар работела како софтверски инженер во Лотус, една од водечките технолошки компании во земјата. Азиз, партнер во фирмата и стар семеен пријател, ја теши Бахар непосредно по веста за смртта на нејзината мајка, но има ли тука нешто повеќе од само пријателска утеха.

Токму истата вечер, група разбојници упаѓаат во домот на Бахар барајќи го компјутерскиот код што го напишала нејзината мајка. Следува борба, а Бахар е застрелана, по што го губи нероденото бебе. Водачот на бандата, Озан, се чувствува виновен и решава да и помогне на Бахар против неговиот шеф и вонбрачен татко – Азиз.

Во меѓувреме, Бахар добива уште еден неочекуван сојузник во Хајати, екс-мафиозо, кој, од свои причини, решава да и помогне. Наскоро двајцата се борат за живот, бидејќи започнаа да го откриваат мрачниот заговор што ја однесе мајката на Бахар во смрт. Со текот на времето, двајцата развиваат чудна врска, бидејќи Бахар е принудена да се спротивстави на нејзината темна страна, а Хајат дознава дека сè уште има добро во него. Бахар ќе си ги извалка рацете, додека Хајати го чисти својот валкан живот.

Освен загубата на нејзината мајка и нејзиното неродено бебе, Бахар исто така ја изгуби вербата во нејзиниот сопруг. Таа целосно се откажа од љубовта… додека Озан не го најде патот до нејзиното срце. Двајцата развиваат моќна врска, но тоа само доведува до поголема тага за Бахар.

На крајот на краиштата, Бахар и Хајати ја решаваат мистеријата за смртта на Шехназ и откриваат и други тајни – вклучително и врските што ги поврзуваат тројцата.

Актерската екипа е извонредна. Бурџу Бириџик, Муса Узунлар, Бугра Ѓулсој, Џем Давран, Џејда Дувенџи, Јигит Кираџи се дел од актерите што ја прават оваа приказна незаборавна.

Не пропуштајте ја новата епизода од „Осмиот ден“ на Dizi Macedonia секој ден во 22.10 часот.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Руската серија со македонски актери повторно во етерот на МТМ

По една година по премиерата на националната Алфа, руската мини серија „Кум“ се прикажуваше и …

error: Содржината е заштитена!