Почетна / Сапуници / Неслихан од „Добрина“ донира за штетите од земјотресот

Неслихан од „Добрина“ донира за штетите од земјотресот

Хатиџе Шендил, aктуелна како Неслихан од турската серија “Добрина” зборуваше за настаните кои неодамна ја потресоа Турција, при што кажа:

„Беше тешко за сите. На крајот на краиштата, ова нè засега и не загрижува веќе долго време. Затоа продолжуваме да помагаме и да останеме блиску до погодените. Подготвени сме да направиме сè што е можно од љубов кон нашите деца и жителите настрадани во земјотресот.

Ќе продолжиме да го правиме ова. Беше тешко да ги опишам моите чувства кога бев со нив. Поминавме низ тешки моменти додека бевме таму. Правиме сè што можеме. Се трудиме да направиме се што е потребно само за нив“.

Заедно со нејзиниот сопруг, продуцентот Бурак Сагјашар, актерката ќе донира во изградба на училиште во зоната на земјотресот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Рудници на страста” – нова дневна теленовела на Телма

Нова продукција на Телевиса, теленовела полна со предавствa, интриги, одмазда и моќ. Во главните улоги …

error: Содржината е заштитена!