Почетна / Серии / „Не ме напуштај“ на Телма – италијанска крими серија во 20.30 часот

„Не ме напуштај“ на Телма – италијанска крими серија во 20.30 часот

Италијанска криминалистичка мини-серија од 2022 година, режирана од Ќиро Виско, со главни улоги на Викторија Пучини, Алесандро Роја и Сара Фелбербаум.

Главната протагонистка, Елена Зонин (Викторија Пучини), е заменик-комесарка во Рим, специјализирана за сајбер-криминал и случаи на исчезнати деца. Кога телото на младо момче е пронајдено во лагуната на Венеција, Елена се враќа во својот роден град по дваесет години отсутност, убедена дека случајот е поврзан со истрагата што ја води веќе долго време.

Во Венеција, таа се среќава со Данјеле Вианело (Алесандро Роја), нејзината прва љубов, сега заменик-комесар, и неговата сопруга Џулија (Сара Фелбербаум), која некогаш била најдобра пријателка на Елена. Заедно, тие откриваат мрежа на трговија со деца преку dark web, што ги води до влијателни и неочекувани личности.

Од 9 ууни на Телма во 20.30 часот гледаме италијанска возбудлива трилер серија што ги истражува темите на технолошкиот криминал, трговијата со деца и личните конфликти, поставен во мистичната атмосфера на Венеција.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот во Јапонија пресуди дека АИ не смее да го клонира гласот

Живееме во време кога вештачката интелигенција (ВИ) може да го копира секој наш детаљ, но …

error: Содржината е заштитена!