Почетна / Забава / Марија Шерифовиќ на 2-ри ноември со концерт во Скопје

Марија Шерифовиќ на 2-ри ноември со концерт во Скопје

Eден од најдобрите и најспецифични вокали на денешницата, извонредната Марија Шерифовиќ доаѓа во Скопје, на голем концерт во „Арена Борис Трајковски”, на 2-ри ноември 2024-та година, во организација на „Прагма продукција”.

Со својата автентичност, фантастичните интерпретации и емоција, веќе две децении се наоѓа на врвот на регионалната музичка сцена. Изминатата година, Марија Шерифовиќ прослави 20 години успешна кариера, а тој успех го одбележа со албум кој го носи насловот „Долази љубав”, кој воедно е и името на нејзината претстојна концертна турнеја која започнува на 8-ми март во Загреб, а продолжува низ 30 градови во регионот.

Подготовките за оваа турнеја се веќе во тек, а на сцената во Скопје и на нејзиниот репертоар, освен добро познатите стари хитови, ќе се најдат и песните од новиот албум, на кој се чекаше цели 10 години.

Картите за овој спектакл се веќе пуштени во продажба,, а истите имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, како и Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.

Затоа добро запомнете го 2-ри ноември, датумот кога на Скопје ќе му се случи спектакл.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс Луна по повеќе од една деценија даде изјава за медиумите

Една од најубавите гласови во регионот, Маја Марковиќ (екс Луна) повеќе од една деценија се …

error: Содржината е заштитена!