Почетна / МК Сцена / Познати композитори со свои песни на Макфест 2012

Познати композитори со свои песни на Макфест 2012

 

Познати автори од калибарот на Калиопи, Игор Џамбазов, Сергеј Четковиќ, Кики Лесендриќ од Пилоти, Ивица Брчиоски од Ареа итн. кои одамна немаат направено песна за фестивал, оваа година се потпишуват зад музиката и текстот на неколку макфестовски нумери што ќе се изведат на 12-ти, 13-ти и 14-ти октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Рефрените од нивните песни, како и од останатите автори веќе се вртат на радио станиците низ Македонија, а нивниот  препознатливиот стил на компонирање и пишување е застапен во секоја од нив.

„Чест ни е што неколку познати композитори, кои одамна ги нема со свои дела на фестивалските сцени, направија песни за  Макфест 2012. Со нивното присуство на фестивалот се докажува квалитетот на манифестацијата кој го препознаваат не само во Македонија туку и надовор од нашите граници“, изјавуваат организаторите.

Покрај овие композитори, како автори на музика, текст или аранжман за песна за Макфест се потпишуваат и Роберт Билбилов, Лазар Цветкоски, Огнен Неделковски, Елвир Мекиќ, Владимир Дојчиновски- Дојчин, Григор Копров, Дарко Тасев, Ристо Самарџиев, Зоран Алексиќ и многу други.

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Ново оро на македонскиот зурлаџија Џељо Дестановски

Го нарекуваат неуморниот македонски музичар, во моментов е еден од  најпознатите зурлаџии кај нас и …