Почетна / Телевизија / Mузичкото шоу „Пинк ѕвезди“ од септември се сели на Сител

Mузичкото шоу „Пинк ѕвезди“ од септември се сели на Сител

 

“Пинк ѕвезди” и “Пинк ѕвездички” од септември на Сител телевизија

 

Ексклузивно информираме дека српското музичко шоу “Пинк ѕвезди”, кое изминатава сезона го реемитуваше Алфа телевизија, од есен се сели на нова фреквенција. Се работи за Сител телевизија, која освен шоуто “Пинк ѕвезди”, паралелно со Србија ќе го емитува и “Пинк ѕвездички”. Аудициите за двете шоуа ќе се одржат овој месец во просториите на Сител телевизија, а пријавувањата се во тек.

 

 

За шоуто за големите мали ѕвездички, српските медиуми веќе шпекулираат дека нови музички имиња ќе се најдат на местото на Хари и Гоца, кои изјавија дека нема да бидат дел од жирито следната сезона. За шоуто на големите ѕвезди, нема такви шпекулации и засега останува информацијата дека во жири ќе ги гледаме Цеца, Марина Туцаковиќ, Мирослав Илиќ, Бора Чорба и Харис Џиновиќ.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Овие филмови се на репертоарот на Телма од 6. до 13. февруари 2021

ПРОГРАМСКА ШЕМА НА ТЕЛМА ТВ ЗА ПЕРИОДОТ ОД 06.02 2021 – 12.02 2021 САБОТА Телма …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!