Почетна / Забава / Кристијан Тасевски најмлад учесник на „Цветници 2015“

Кристијан Тасевски најмлад учесник на „Цветници 2015“

Младиот пејач Кристијан Тасевски кој триумфираше со својата прва фолк песна на фестивалот „Валандово“ повторно ја изненади публиката со својата нова песна на реномираниот фестивал „Цветници 2015“.

Кристијан на големата фестивалска сцена во студиото на МРТВ настапи со темата „Марија“, зад која како автори се потпишуваат Милан Завков (музика и аранжман) и Елена Ѓорѓиева (текст). Неговиот настап беше проследен со силен аплауз и голема поддршка од поискусните колеги.

„Ми беше голема чест што настапив на реномираниот фестивал „Цветници 2015“ заедно со големи имиња од македонската народна сцена. Оваа година прв пат се пријавив, а воедно и сум најмлад учесник на фестивалот. Цветници е фестивал со голема традиција и реноме, па ми беше мило што токму таму ја промовирав мојата нова песна „Марија“ и се надевам дека публиката уживаше во мојот настап“, вели Тасевски.

Македонските млади пејачи умеат да ја негуваат традиционалната македонска музика, доказ за тоа е Кристијан Тасевски од Екстра Бенд кој на сцената на реномираниот македонски народен фестивал „Цветници 2015“ беше најмлад учесник.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТВ 24 со емисија за отворањето на штипско „Angels cafe“

Во недела (8ми септември) во 17.45 часот на телевизија 24 ќе се прикажува новото издание …