Почетна / Сапуници / Фото | Сестрата на Јилдиз се враќа во „Забрането јаболко“

Фото | Сестрата на Јилдиз се враќа во „Забрането јаболко“

Мега хитот “Забрането јаболко” продолжува да ги интригира македонските гледачи секоја вечер на Канал 5 телевизија, а рејтинзите се високи и во матичната земја каде се емитуваат најновите епизоди од 6. сезона.

И токму таму, во премиерните епизоди во Турција, се враќа еден добро познат лик за гледачите. Зејнеп, сестрата на Јилдиз, повторно станува дел од екипата на вашето најомилено “Забрането јаболко”.

Овојпат се појавува сама, без Алихан. Како што паметите, Зејнеп и Алихан беа водечки улоги во првата половина на серијата, но заминаа од Истанбул, не можејќи повеќе да ги поднесат секојдневните скандали кои ги приредуваа Јилдиз и Ендер.

Што се случувало во меѓувреме со Зејнеп и зошто не е со Алихан, останува да почекаме и погледнеме допрва на фреквенцијата на Канал 5. Бидете така и следете “Забрането јаболко”.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова е единствена успешна турска серија која не се емитувала кај нас

„Плима и осека” e доста популарна турска серија која претставува римејк на американскиот хит “Округот …

error: Содржината е заштитена!