Почетна / Сапуници / „Дива“ на Сител е верена со познатиот Охриѓанец од НБА лигата

„Дива“ на Сител е верена со познатиот Охриѓанец од НБА лигата

Секоја вечер на Сител телевизија се емитува новата хит серија од далечните вилаети и подзаборавени руини на Анадолија.

“Дива” е приказна за љубовта и одмаздата во која македонските гледачи уживаат следејќи ја легендата за Рејхан и Миран.

Ебру Шахин е млада турска актерка која ја гледавме во епизодни улоги во “Истанблската невеста” и “Забрането јаболко”, а награда за најдобра главна актерка добива дури со улогата на Рејхан во “Дива”.

Приватно, нашата дива е верена со познат НБА кошаркар, кој има потекло од Турција и Македонија.

Младата НБА-ѕвезда Џеди Осман искажа љубов и кон родната Македонија и кон Турција за време на Ол-стар викендот во Шарлот, Северна Каролина, настапувајќи во специјално дизајнирани патики со знамињата на двете земји.

Играјќи ја втората сезона во НБА, 26-годишниот кошаркар на Кливленд кавалирс беше дел од мечот на ѕвездите во подем и неговите патики не поминаа незабележано кај тамошните медиуми.

„Роден сум во Македонија, но играм за турската репрезентација. Затоа решив да ги ставам знамињата на двете земји на патиките, за да покажам дека ги претставувам двете држави. Сакав да им искажам љубов на двете земји, бидејќи знам дека имам поддршка таму“, изјави Осман.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе има ли свадба за Чагатај Улусој и Дујгу Саришин

Обожавателите на познатата актерска двојка Чагатај Улусој и Дујгу Саришин со нетрпение очекуваат вести за …

error: Содржината е заштитена!