Почетна / Вебновела / ВРЕЛА СТРАСТ, #011 | ARDIENTE PASIÓN

ВРЕЛА СТРАСТ, #011 | ARDIENTE PASIÓN

 

Целиот ден Јулиса размислуваше за понудата на Ектор, додека сомнежите го мачеа Тристан. Се плашеше дека Јулиса може да се зближи со Ектор. Знаеше дека неговиот брат е способен со подароци и пари да купи сечија љубов. Најмногу од се го плашеше стравот дека Ектор се вљубува во Јулиса. Го мачеше љубомората и нивните средби завршуваа со расправија. Ја напаѓаше, а подоцна се каеше за постапката. Тристан имаше чувство како светот да се врти против него. Ниту неговата мајка не беше веќе толку често дома, а не знаеше каде е. Од друга страна, го мачеше и доаѓањето на Антолин Варгас во рудникот. Се плашеше дека Антолин може да му подвали вина за експлозијата и смртта на Мелчор.

 

По завршениот рабоен ден, Јулиса се појави во канцелариите на фирмата. Дамијана која договараше документација со секретарката на Ектор, ја измерка Јулиса од глава до петици.

–          Која си ти и што бараш овде?,- ја праша со потценување.

–          Се викам Јулиса Ромеро и имам состанок со господин Ектор Фалкон.

–          Состанок? Ваква? Погледни се само…Валкана и смрдлива. Кога се доаѓа на состанок, најмалку е да се истушираш, ништожничке.

–          Доаѓам директно од рудникот, на барање на инжењерот.

–          Ектор не прима валканици како тебе. Мирисаш на земја. Трансито, викни го обезбедувањето да ја исфрли оваа жена од овде, – и нареди на секретарката.

–          Нема потреба, – достоинствено рече Јулиса. – Знам каде е вратата, ќе излезам сама.

Јулиса направи чекор кога на вратата од својата канцеларија се појави Ектор. На своето убаво лице развлече насмевка и широко ги рашири рацете во знак на добредојде.

–          Знаев дека ќе дојдеш.

–          Не сакав да ви пречам. Можам да дојдам и друг пат.

–          Те очекував. Те молам, влези. Трансито, гледај никој да не не прекинува, – додаде Ектор и ја затвори вратата од својата канцеларија.

–          Која е оваа жена?, – Дамијана ја праша секретарката.

–          Онаа која направи револуција во рудникот, госпоѓице Дамијана. Сите мажи се луди по неа, од шефот на рудникот, до инжењерот Фалкон.

 

***

–          Дали ова значи дека ја прифаќаш мојата понуда да работиш за мене, – Ектор ја праша Јулиса, удобно навален на својата фотеља. – Ти си интелигентна и образована жена. Твојата кариера може да процвета во растечка фирма како оваа. Жена како тебе не треба да работи со останатите мажи во рудникот.

–          Ви благодарам, но јас сум тука со цел да ја разјаснам смртта на мојот кум.

–          Антолин Варгас е задолжен за истрагата поврзана со смртта на Мелчор Рентеира, – објасни Ектор.  – Сакам да знаеш дека и мене ми е подеднакво важно да се дознае вистината за смртта, Јулиса. Ветувам дека ќе бидеш прва која ќе ги дознае резултатите од истрагата. Бидејки, – за момент направи пазуа, стана од фотељата, пријде до младата жена и ја зеде нејзината рака, додавајки:- Твојата желба е заповед за мене.

–          Штом е така, оставете ме на моето работно место во рудникот, – инсистираше Јулиса.

–          Сакам да ми бидеш близу, секој ден. Сакам да работиш тука, за мене…Сакам да бидеш дел од моето секојдневие, Јулиса.

 

Антолин Варгас веќе го имаше подготвено извештајот за саботажата, но пред да му го предаде на дон Вадо, сакаше да го види Дамијана. Со години беше потајно вљубен во внуката на Господарот, но нејзината надменост никогаш немаше да попушти пред еден обичен работник, мислеше Антолин, па затоа правеше се за да ја освои убавата Дамијана.

Влезе во нејзината канцеларија и го остави извештајот на нејзиното биро.

–          Ова значи дека Тристан Фуего излегува од игра, – задоволно изјави Дамијана, читајќи го избештајот. – Морам да ги пофалам твоите способности поврзани со истрагата, Антолин.

–          Цела ноќ го работев, само за тебе, Дамијана.

–          Цела ноќ, велиш?, – го праша кокетно.

–          Да. Штета што ти не беше до мене.

–          Можеби твојата желба наскоро ќе стане реалност, – додаде таа со глас полн ветување.

–          Денес ќе му го предадам извештајот на Вадо.

–          Сакам да бидам присутна кога ќе му го предадеш. Сакам да го видам лицето на мојот сакан вујко кога ќе прочита, – додаде иронично.

–          А јас да ги чујам изговорите на Ектор зошто не го отпушти шефот на смена.

–          Ектор ќе плати за своето предавство. Го изневери мојот вујко…

–          А кога Ектор и Тристан ќе бидат вон игра остануаш ти како десна рака на Кралот на златото. Денес е твој ден, Дамијана.

–          Сакам и Ектор да биде присутен на состанокот.

–          Мислам дека најдобро е да бидам сам кога ќе му го дадам извештајот на дон Вадо.

–          Не ми го одземај тоа задоволство, Антолин.

–          Се плашам дека Ектор може да ги изврти работите во своја полза.

–          Ти си многу поитар од Ектор Фалкон, Антолин, – додаде Дамијана, милувајки го раскопчаниот дел од кошулата на Антолин со своите нежни прсти.

–          Долго време ми требаше да те освојам, Дамијана. Овој пат ништо нема да ме одалечи од тебе, – додаде страсно и силно ја бакна, но таа го прекина бакнежот.

–          Да се ослободиме од Ектор и Тристан пред да славиме победа. По тоа, ќе го имаме сето време само за нас.

Тропање на вратата го прекина разговорот.

–          Извинете, се надевам не ве прекинав во нешто важно, – рече Ектор приоѓајки им. – Антолин, добро е што си тука. Ми требаат резултатите од истрагата.

–          Жалам, Ектор. Но му ветив на дон Вадо дека прв ќе ги добие.

–          Антолин знае како треба, – се замеша Дамијана. – Антолин, те молам остави не сами.

–          Во ред, ќе се видиме, – рече Антолин и ја напушти канцеларијата на молба на Дамијана.

–          Нешто матиш со Варгас, Дамијана. Позната ми е таа фаца кога се умилкуваш.

–          Антолин и јас сме само стари пријатели. Имаме доверба еден во друг.

–          Немој со мене да си играш, – ја опомена. – Те познавам добро. Не би ме чудело да играш двојна игра. Затоа, биди внимателна, Дамијана, те имам на око, – бесно додаде Ектор и ја напушти канцеларијата.

 

Ектор навистина се трудеше да ја освои Јулиса. Не само поради советот на дон Вадо, туку се повеќе му се допаѓаше таа девојка. По средбата со Дамијана, ја виде Јулиса како ја напушта зградата и не можеше да и дозволи да си оди дома сама. Инсистираше да ја одведе дома и Јулиса се согласи, несвесна дека ги гледа Тристан, кој по смената беше дојден до фирмата да достави примероци.

Но, Тристан не беше единствениот кој виде како Јулиса заминува со автомобилот на Ектор.

Набљудувајки од својот прозорец во канцеларијата, и Дамијана виде како Јулиса влегува во автомобилот на Ектор.

–          Нема да дозволам таа обична провинцијалка да ми го превземе Ектор, – процеди низ заби.

Набрзина ја зема торбата и истрча од својата канцеларија.

Трансито, секретарката забележа како Дамијана набрзина истрчува кон лифтот.

Нејзиниот автомобил беше паркиран пред зградата. Седна во колата со цел да ги следи, но не успеа да го запали моторот. Бесно удри во воланот и излезе да види во што е проблемот, кога го забележа Тристан.

–          Еј, ти, – му довикна. – Имаш ли автомобил?

–          Да…

–          Оди и следи го оној автомобил. Јас ќе бидам до тебе и не ме прашувај ништо.

–          Но, госпоѓице, имам да оставам нешто…

–          Ништо сега не е поважно од ова. Седнете и возете бидејки не знам јас да управувам со …ова, – презирно погледна во автомобилот на Тристан кој не беше автоматски.

–          Кого следиме?

–          Без прашања. Вози, – му нареди Дамијана.

Тристан појде по  црниот автомобил, ни самиот не свесен зошто ја послуша Дамијана.

–          Колку е жешко овде, – се пожали Дамијана, вадејки ја лепезата од торбата. – Како можеш да се возиш во вакво нешто?

–          Мојот автомобил не е автоматски како вашиот, госпоѓице. Нема клима уред, ниту кожни седишта. Ако не ви одговара мојот автомобил, слободно вратете се во вашиот.

–          Побрзај!, – Дамијана не сакаше да ги изгуби од вид Ектор и Јулиса.

–          Ако не сте задоволни со моето возење, можете вие да го преземете воланот, – и рече Тристан, изнервиран од нејзините забелешки.

–          Подобро се чувствувам во ваши раце, – се намсевна Дамијана.

–          Кога следиме, госпоѓице Фалкон?

–          Човекот кој го љубам.

 

Луксузниот автомобил застана пред пансионот на Магдалена. Во него се  наоѓаше маркантниот млад маж со совршени црти и преубавата црна, вита девојка. Сите кои не ги познаваа можеа да заклучат дека се совршен пар. Но, срцето на девојката му припаѓаше на друг маж.

–          Овде живеам, инжењеру, – му рече девојката на Ектор.

Ектор излезе од автомобилот да ја допрати Јулиса до прагот на куќата. Јулиса беше шокирана од она што го гледаше пред себе. Ѕидовите на куќата беа обоени со погрдни зборови како “курва“.

Вадо Фалкон ја имаше исполнето својата закана. Неговите штитеници во текот на ноќта ја имаа уништено и обоено фасадата од пансионот со погрдни зборови.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!