Почетна / Филм / Британски крими филмови вечерва од 21 часот на МТВ 1

Британски крими филмови вечерва од 21 часот на МТВ 1

Вечерва на МТВ 1, филмска вечер со два британски филма. Во 21 часот ќе се емитува “Twenty8k” (2012), преведен како “Лондонско подземје”.  Додека источниот дел на градот се подготвува за Олимписките игри, во пресметка меѓу две банди е застрелан еден тинејџер пред ноќен клуб. Кога го апсат братот на стилистката Дива за убиството, таа доаѓа од Франција да му помогне убедена дека е невин. Во текот на истрагата таа го открива мрачното подземје на корумпираниот град и кругот пријатели кои не се такви какви што се прикажуваат. Обрачот околу неа се стега, а големите моќници сè повеќе ја „задушуваат“.

Ник Неверн, Сајмон Филипс, Рита Рамнани и Ребека Фердинандо пак ќе ги гледате веднаш по Лондонското подземје, во британската крими драма “Хулиган во костум”. Приказна за работите што се случуваат во заднината на фудбалските натпревари, за навивачите, хулиганите и нивната вмешаност во разни легални и нелегални „бизниси“. Во овој случај фудбалските хулигани се вмешани во фалсификување кредитни картички. Мајк е невработен млад човек кој го среќава својот стар пријател Еди, кој го воведува во светот на криминалот, и за кратко време Мајк заработува многу пари што без мера ги троши на кокаин, шампањско и лесни жени. Но набрзо, работите ќе станат уште понасилни отколку што си замислувал.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По дело на Живко Чинго, „Заминување од Пасквелија“ на Наша ТВ

Време на револуција и идеологија, време на пожари и поројни дождови. Време на разделби и …