Почетна / Спорт / Португалија падна, Македонија патува на ЕП!

Португалија падна, Македонија патува на ЕП!

 

Со победата на домашен терен над Португалија од 26:19 нашите најдобри ракометари се пласираа на третото големо натпреварување во низа. Директниот дуел со главниот конкурент за место на Европското првенство во Данска наредната година го извади на површина најдоброто од нашите ракометари, кои на свој терен не дозволија изненадување и со победата од 26:19 над Португалија ја заверија визата за ЕП 2014.

 

 

Во натпреварот во кој се стекнува впечатокот дека побргу можевме да ја завршиме работата серијата од четири гола во второто полувреме беше решавачка за предноста од 22:17 по која Португалците немаа никакви шанси за поволен резултат. Оваа победа ја носи Македонија на шестото наше големо натпреварување, трето едноподруго, триумф во која Кире Лазаров со девет погодоци беше наш најефикасен играч.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тениското првенство Ролан Гарос 2025 ексклузивно на Еуроспорт

Викендов започнува најновото издание на “French Open” попознато во тенисот како Ролан Гарос, кое што …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!