Наскоро на програмата на Сител телевизија ќе се емитува серијата „Будва“. Се работи за серија која настана како соработка помеѓу Србија и Црна Гора и како таква особено добро е прифатена од публиката.

На „Будва на пената од морето“, како што гласи целосното име, се работеше во текот на сезоната 2011-2012 и засега има две сезони со нешто повеќе од 20 епизоди по 45 минути. Жанрот на серијата е драма-комедија. Во главните улоги се појавуваат Милутин Караџиќ, Љиљана Благојевиќ, Сања Јовичевиќ и Момчило Караџиќ. За режијата се погрижи Милан Караџиќ.


  
Крис Манев | ТВ Пакет
 ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
				
 
						
					 
						
					 
						
					 
					
				