Покрај многутте нови забавни, дебатни и информативни емисии кои на МРТ 1 се емитуваат од понеделник до петок во новата ТВ сезона 2026/2027, и во недела ќе има неколку опуштени разговорни емисии.

Па така, секое неделно пладне „На пладне“ ќе гледате викенд магазин со разговори, музика, гости, интересни приказни и актуелни теми.

Во 17.15 часот следува нов викенд-формат „Женски муабети“ посветен на разговори за секојдневието, семејството, културата, животните теми и интересите на современата жена со гости од различни области.

И пред централниот Дневник, ќе се емитува „Наткаст“ со Дритон, познат како Талат од „Преспав“.

Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
